• понеделник, 23 декември 2024

Полицијата во Германија не верува дека постои ризик на концертите на пејачката Адел во Минхен

Полицијата во Германија не верува дека постои ризик на концертите на пејачката Адел во Минхен

Минхен, 8 август 2024 (МИА) - Полицијата во Германија не верува дека постои ризик на концертите на пејачката Адел во Минхен, јави ДПА.

Овие гаранции дојдоа откако беше спречен обид за бомбардирање на исламисти поврзани со трите концерти на Тејлор Свифт во Виена. Самите концерти беа откажани.

Портпаролот на полицијата во Минхен изјави дека ситуацијата се проценува, имајќи го предвид она што се случи во Виена. Доколку се појават конкретни ризици, тогаш полицијата ќе реагира на тоа, додаде тој.

Концертите на Адел се на стадион со капацитет од 73.000 гледачи.

Досега Адел има одржано два концерта во Минхен. Првиот коцерт беше на 2 август. Следниот концерт е вечерва, а другиот утре. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан