• среда, 27 ноември 2024

Политико: „Вечни хемикалии“ пронајдени во крвта на највисоките европски функционери

Политико: „Вечни хемикалии“ пронајдени во крвта на највисоките европски функционери

Брисел, 31 јануари 2024 (МИА) - Еколошките невладини организации идентификуваа токсични „вечни хемикалии“ во крвта на највисоките функционери на Европската унија, како дел од кампањата за воведување европска забрана за хемикалиите и покрај силното противење на индустријата, објави денеска Политико.

Секој од 16-те политичари и јавни личности кои учествуваа во истражувањето, во кое беа вклучени извршниот заменик-претседател на Европската комисија за дигитален развој и комесар за конкуренција Маргрете Вестагер, поранешниот извршен потпретседател на Европската комисија за зелен план и комесарот за заштита на климата Франс Тимерманс и Европскиот комесар за заштита на животната средина Вирџинијус Синкевичиус, имале најмалку седум видови токсични хемикалии ПФАС (PFAS) во крвта. Во пет случаи, количината „го надминала применливиот безбедносен праг“ за овие хемикалии.

Хемикалиите ПФАС, кои многу се користат во секојдневните предмети како што се нелепливи тави и кабаници и во производството на полупроводници и батерии, се поврзани со низа сериозни болести, вклучувајќи рак и неплодност. Тие се познати и како „вечни хемикалии“ бидејќи не се разградуваат природно во околината, а се пронајдени во примероци од дождовница, почва и мајчиното млеко.

Тестовите на крвта, спроведени од Европската агенција за животна средина (EEB) и ChemSec, се дел од кампањата за подигање на свеста предводена од невладините организации, бидејќи ЕУ размислува за потенцијална забрана за хемикалиите.

Европската комисија вети дека постепено ќе ги забрани хемикалиите ПФАС поради нивното влијание врз животната средина и здравјето, освен во случаите кога ќе се докаже дека се незаменливи и „суштински“ за општеството.

Но, предлогот на пет европски земји да ги забранат предизвика голем отпор од голем број сектори кои во моментов зависат од нив, предупредувајќи дека новите мерки ќе и наштетат на европската конкурентност.

Со цел постепено да се исфрлат хемикалиите ПФАС, треба да се помине долг процес. Комисиите на Европската агенција за хемикалии мора прво да го изнесат своето мислење за предлогот за забрана до Комисијата, а за тоа не е дефиниран рок. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан