Покетино: ПСЖ покажа карактер на натпреварот против Мец
- Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, зборуваше за упорноста на неговиот тим покажана на синоќешниот натпревар со победата над Мец (2: 1) во 7. коло од францускиот шампионат.

Париз, 23 септември 2021 (МИА) – Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, зборуваше за упорноста на неговиот тим покажана на синоќешниот натпревар со победата над Мец (2:1) во 7. коло од францускиот шампионат.
- Добро е што победивме. Кога победувате, полесно е да продолжите да работите. Игравме добро од самиот почеток, но потоа малку забавивме. Драго ми е што тимот се бореше до последниот судиски свиреж и на крајот победи, покажувајќи карактер го цитира Покетино прес-службата на ПСЖ.
По седум кола во Лига 1, парижаните освоија 21 бод и се лидери на табелата.
На 25 септември, тимот ќе игра со Монпелје во 8. коло од францускиот шампионат. зс/