Познат новиот датум на третата борба меѓу Вајлдер и Фјури
- Третата борба меѓу шампионот во тешка категорија во верзијата ВБЦ, Британецот Тајсон Фјури и Американецот Деонтеј Вајлдер е одложена за 9 октомври, објави „Топ ранк“ на Твитер.

Лондон, 16 јули 2021 (МИА) - Третата борба меѓу шампионот во тешка категорија во верзијата ВБЦ, Британецот Тајсон Фјури и Американецот Деонтеј Вајлдер е одложена за 9 октомври, објави „Топ ранк“ на Твитер.
Претходно стана познато дека 32-годишниот британски боксер се заразил со коронавирус.
Трилогијата Вајлдер – Фјури беше закажана за 24 јули. Нивната прва борба во декември 2018 година заврши нерешено. Во февруари 2020 година, Британецот го нокаутира Американецот и му го одзеде појасот во тешка категорија ВБЦ.
Триесет и петгодишниот Вајлдер има 42 победи (41 со нокаут), 1 пораз и 1 нерешен резултат. Три години помладиот Фјури има 30 победи (21 со нокаут) и 1 нерешен резултат. зс/