• сабота, 27 јули 2024

Познатиот македонски вајар Никола Смилков со изложба во Словенија

Познатиот македонски вајар Никола Смилков со изложба во Словенија

Штип, 29 септември 2023 (МИА) - Отворена е ликовна изложба на реномираниот ликовен уметник и професор на Универзитетот ,,Гоце Делчев - Штип, Никола Смилков во Посавски музеј во Брежице Република Словенија.

На ликовната изложба под наслов „Поглед во небо'' се изложени 30 дела низ кои е претставена фигурација во мермер и бронза.

Смилков вели изложбата ја отвори директорката на музејот Аленка Чернелич Крошељ и историчарот на уметност Маруша Ерпич.

Организатор на изложбата е Никола Франич. Покровител на изложбата е Министерсво за култура на Република Словенија, Посавски музеј, Општина Брежице, Галерија 46 и Универзитетот „Гоце Делчев". Изложбата ќе трае до 25 ноември. вдј/дма/

Остани поврзан