Позитивни утрински температури, во текот на денот претежно облачно со повремен локален дожд
- Нула степени на Попова Шапка и позитивни температури утрово насекаде низ земјава. Според УХМР, во 8.30 часот се измерени 1 степен во Маврови Анови, Крива Паланка и Лазарополе, 3 во Прилеп, Тетово и Крушево, 4 степени во Берово и Претор, 5 во Велес, Скопје - Петровец и Охрид, 6 во Штип, Кавадарци, Битола, Виница и Скопје - Зајчев Рид, 7 степени во Струмица, 8 во Демир Капија и 9 степени во Гевгелија.

Скопје, 27 февруари 2025 (МИА) - Нула степени на Попова Шапка и позитивни температури утрово насекаде низ земјава. Според УХМР, во 8.30 часот се измерени 1 степен во Маврови Анови, Крива Паланка и Лазарополе, 3 во Прилеп, Тетово и Крушево, 4 степени во Берово и Претор, 5 во Велес, Скопје - Петровец и Охрид, 6 во Штип, Кавадарци, Битола, Виница и Скопје - Зајчев Рид, 7 степени во Струмица, 8 во Демир Капија и 9 степени во Гевгелија.
До 7 часот, воден талог од еден литар на квадратен метар по поминати 24 часа е наврнат во Лазарополе, Крушево, Пожаране, Претор и Охрид, а 27 сантиметри снежна покривка е измерена на Попова Шапка.
УХМР за денеска прогнозира претежно облачно време, со појава на магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе има повремен локален дожд, особено во југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне во делови од котлината со појава на магла, а преку денот со услови за краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој краткотрајно ќе засилува. Максималната температура во главниот град ќе достигне 12 степени. хс/цр
Фото: МИА архива