• недела, 15 декември 2024

Позитивни вести од таборот на „виола“: Бове се врати во Фиорентина

Позитивни вести од таборот на „виола“: Бове се врати во Фиорентина

Фиренца, 14 декември 2024 (МИА) - Италијанецот Едоардо Бове се врати во Фиорентина! Фудбалерот на „виола“ бил пуштен од болница и веднаш се упатил кон тренинг центарот на тимот, каде повторно се сретнал со соиграчите.

Стравот беше забележлив на изразите на неговите соиграчи за време на немилата ситуација на дуелот од 14. коло на Серија „А“ кога фудбалерот на Фиорентина колабираше на теренот. Натпреварот во меѓувреме беше прекинат, а вистинската борба започна во болницата каде лекарите се бореа за животот на 22-годишниот фудбалер. Имено, дошло до срцев удар поради што по операцијата останал под постојана опсервација на лекарите уште четири дена.

Вграден му е пејсмејкер, поради што нема да може да се натпреварува во италијанското првенство бидејќи тоа ги прекршува нивните правила. Слична судбина го снајде и Кристијан Ериксен, кој колабираше на мечот со Данска за време на Европското првенство во 2021 година.

Фиорентина моментално е на четвртото место во италијанското првенство со 31 бод од 14 натпревари (од кои еден е дуелот со Интер чија судбина се уште не е позната). Следната задача им е в понеделник, кога од 15 часот и гостуваат на Болоња. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан