Пожар на грчки товарен брод во Арапското Море
- Товарен брод во сопственост на грчка бродска компанија, се запалил додека пловел во Арапското Море од Обединетите Арапски Емирати кон Северна Африка, a во тек се напорите на спасувачки екипи

Атина, 19 август 2020 (МИА) - Товарен брод во сопственост на грчка бродска компанија, се запалил додека пловел во Арапското Море од Обединетите Арапски Емирати кон Северна Африка, a во тек се напорите на спасувачки екипи од Индија за пожарот да се стави под контрола, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.
Според истите информации, карго бродот „Фанеромени“ што плови под грчко знаме е празен, односно без товар, има 18 члена на екипажот, од кои пет се Грци, а пожарот избувнал околу четири часот утрово. ср/сд/