Пожар над липковско Слупчане
- Нискостеблеста шума и сува трева гори над липковското село Слупчане, информираше Територијалната противпожарна единица Куманово.

Куманово 4 август 2023 (МИА) - Нискостеблеста шума и сува трева гори над липковското село Слупчане, информираше Територијалната противпожарна единица Куманово.
На терен се две противпожарни возила и седум пожарникари.
И Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти за пожарот над Слупчане кој избувнал попладнево.
-Пожарот во Липковско е на линија Слупчане - Ваксинце во насока кон Алашевце. Линијата на огнот е подолга од 300 метеи. Во близина има борова шума. Се прават напори да се спречи ширење во таа насока. Гори трева и грмушки, информкра ЦУК. ам/хс/
Фото: МИА