Пожар кај депонијата во Ново Лисиче, нема опасност за ширење
- Пожарот кај депонијата во Лисиче е редуциран, противпожарната служба интервенираше со три возила и сега е надвор од опасност за ширење, информираа за МИА од Противпожарната бригада.

Скопје, 22 јули 2023 (МИА) - Пожар избувнал кај депонијата во скопската населба Ново Лисиче денеска околу 13 часот, а по интервенцијата на противпожарните служби е ставен под контрола.
-Пожарот е редуциран, противпожарната служба интервенираше со три возила и сега е надвор од опасност за ширење, информираа за МИА од Противпожарната бригада на Град Скопје.
Со пожарот, како што посочија, се зафатени сува трева и стари гуми. сх/лв/
Фото: МИА Архива