Пожар зафати куќарка и помошен објект во населбата Манакија во Берово
- Пожар доцна попладне зафати куќарка во населбата Манакија во Берово, како и помошен објект, а според информациите од полицијата во пожарот нема жртви.

Берово, 30 мај 2022 (МИА) - Пожар доцна попладне зафати куќарка во населбата Манакија во Берово, како и помошен објект, а според информациите од полицијата во пожарот нема жртви.
Од Територијалната противпожарна единица од Берово, соопштија дека веднаш по дојавата е пристапено кон гаснење на пожарот, и е ставен под контрола.
Екипи на ТППЕ Берово остануваат на терен, се до целосно ликвидирање на пожарот.
Официјални информации за точната причина за настанување на пожарот, е најавена во текот на утрешниот ден.вс/свс/
