• понеделник, 23 декември 2024

Пожар во фабрика во близина на францускиот град Руан

Пожар во фабрика во близина на францускиот град Руан
Париз, 13 март 2020 (МИА) - Пожар избувна во фабриката за биогорива „Саипол“, која се наоѓа во близина на францускиот град Руан, јави дописникот на МИА. - Инцидент во фабриката „Саипол“. Пожарникарите се на терен. Почитувајте го поставениот безбедносен периметар од 500 метри, објави полицијата на својот профил на Твитер. Градоначалникот на Руан, Патрис Дупрај увери дека во инцидентот нема повредени. Запрашан за ризиците од загадување, тој нагласи дека единствениот опасен производ не бил зафатен од огнот, додавајќи дека „тука се произведува масло и добиточна храна, тоа не е Лубризол“. На 26 септември 2019 изби голем пожар во фабриката „Лубризол“ во близината на Руан, при што изгореа 9.505 тони хемиски производи, предизвикувајќи црн облак од чад видлив на 22 километра. тг/

Остани поврзан