Пожар во општина Кривогаштани, во гаснењето вклучен и полициски хеликоптер
- Силен пожар изби попладнево, околу 14:00 часот, на територија на општина Кривогаштани, меѓу селата Подвис и Годивје. Гори трева и нискостеблести растенија.

Скопје, 23 август 2023 (МИА) - Силен пожар изби попладнево, околу 14:00 часот, на територија на општина Кривогаштани, меѓу селата Подвис и Годивје. Гори трева и нискостеблести растенија.
Како што соопшти Центарот за упраување со кризи (ЦУК), во гаснењето на пожарот учествуваат пожарникари од ТППЕ Кривогаштани, Прилеп и Крушево.
-Еден полициски хеликоптер полета за гаснење на пожарот и набргу ќе почне да дејствува, информира ЦУК. мд/аа/
Фото: МИА архива