Пожар во кумановско Зубовце, го изгасиле пожарникари од Куманово и Старо Нагоричане
- Кумановските пожарникари со поддршка на противпожарната единица од Старо Нагоричане го изгасиле пожарот во село Зубовце каде била зафатена сува трева и стрништа, соопштија денеска од РЦУК Кум
Куманово, 19 август 2021 (МИА) - Кумановските пожарникари со поддршка на противпожарната единица од Старо Нагоричане го изгасиле пожарот во село Зубовце каде била зафатена сува трева и стрништа, соопштија денеска од РЦУК Куманово.
Пожарот избувнал околу 17 часот, на терен гаселе три противпожарни возила и сеудм пожарникари. На истото место интервенирале двете територијални противпожарни единици за да не дозволат пожарот да се прошири. Пожарот е изгаснат, наведуваат во билтенот од регионалниот центар за управување со кризи Куманово.
- Првата екипа е вратена во 20:00, а втората во 22:15 часот. ТППЕ Старо Нагоричане денеска имаше една интервенција од 14:00 до 20:00 часот со едно противпожарно возило и тројца пожарникари, соопштија од РЦУК Куманово-информираат од РЦУК Куманово. ам/цр