Пожарот кај Тиквешко Езеро под контрола, изгаснат пожарот кај Мушов Гроб
- Пожарот кај Тиквешко Езеро е ставен под контрола, изгаснат е пожарот кај Мушов Гроб, информираа синоќа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Кавадарци, 30 август 2025 (МИА) - Пожарот кај Тиквешко Езеро е ставен под контрола, изгаснат е пожарот кај Мушов Гроб, информираа синоќа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
- По напорните и повеќечасовни обиди за гаснење на пожарите што денеска избија на територијата на Кавадарци, информираме дека пожарот на Мушов Гроб (Кожуф) е целосно изгаснат. Пожарот на Тиквешко Езеро е ставен под контрола, споделија од кабинетот на Јанчев.
Оттаму најавија дека денеска во раните утрински часови, со хеликоптер ќе се изврши дополнителна контрола.
- Багодарност до Територијалната противпожарна единица Кавадарци, како и до сите служби и граѓани кои учествуваа во справувањето со огнената стихија, истакнаа од градоначалничкиот кабинет. свд/вј/
Фото : Фејсбук страница на градоначалникот Митко Јанчев