• понеделник, 23 декември 2024

Поетска манифестација „Вино преточено во љубов"

Поетска манифестација „Вино преточено во љубов
Крива Паланка, 13 февруари 2022 ( МИА) - Во амбиенталниот простор на „Аквариум", во Крива Паланка се одржа четвртата, традиционална, поетска манифестација посветена на празникот на виното „Вино преточено во љубов". Манифестацијата е во организација на Национална установа Центар за култура Крива Паланка, а учесници се членови на клубот на поети и читатели "Калин" кој работи во библиотеката "Кочо Рацин", во рамки на установата. -И оваа година, четврти пат по ред, ја реализиравме манифестацијата посветена на утрешниот ден, празниот на лозарите и виното, св.Трифун, кој се прославува и како празник на вљубените. Во тој контекст, ние како клуб пред пет години востановивме поетска вечер која ги опева љубовта и виното, особено  инспиративни теми кои се непресушен извор на нови поетски восклици. Нашите членки покрај поезијата што ја читаат оваа вечер, споделија и мисли и цитати на оваа тема, а во организација на дел од нашите креативни поетеси кои имаат и уметнички таленти, беше организирана и мини-лотарија за присутните во објектот, изјави Даниела Петровска, координатор на литературниот клуб "Калин". Во претстојниот период, рече, клубот ќе реализира повеќе активности од годишната програма за библиотечна дејност на Националната установа Центар за култура Крива Паланка. ид/свс

Остани поврзан