• четврток, 26 декември 2024

Поезија од Марина Мијаковска во меѓународната антологија „Takohemi në Јug“

Поезија од Марина Мијаковска во меѓународната антологија „Takohemi në Јug“

Скопје, 19 октомври 2023 (МИА) - Македонската поетеса Марина Мијаковска е објавена со избор поезија во превод на албански јазик во првата меѓународна антологија „Takohemi në Јug“ („Се сретнуваме на Југ“) објавена во Тирана.

Мијаковска е застапена со песните "Oqeani i grave" („Женски океан“), „Letër femre“ („Женско писмо“), „Në kërkim të rrenës së humbur“ („Во потрага по изгубената лага“) и "Shtëpi-botë e tërë" („Куќа-цел свет“). Преводот на поезијата од Мијаковска го направи Асдрен Челику, а уредник на изданието е Дашамир Мало.

Антологијата е објавена по повод истоимениот прв меѓународен поетски фестивал „Takohemi në Јug“ што се одржа во Ксамил во Саранда од 13 до 15 октомври. Во книгата се застапени автори од Албанија, Грција, Шпанија, Полска, Германија, Италија. бт/нд/

 

Остани поврзан