• вторник, 24 декември 2024

Подробности за новиот „Виво х флип“ паметен телефон

Подробности за новиот „Виво х флип“ паметен телефон

Лос Анџелес, 9 март 2023 (МИА) - Протекоа подробности за претстојниот „Виво х флип“ паметен телефон, којшто ќе работи со „Снепдрагон 8 плус Ген 1“ процесор. Станува збор за новиот „X-фолд плус“, што според познавачите, ја има една од најимпресивните камери кога се има предвид хоризонталното преклопување.

Процесорот ќе биде споен со 12 гигабајти РАМ-меморија и 128 ГБ внатрешна меморија, а скиците покажуваат дека ќе има и поголем надворешен екран и две камери - од 50 мегапиксели („Сони ИМX-866“) и друга, ултраширока од 12 МП („Сони ИМX-663“). Внатре во уредот, според наводите, ќе има уште една камера - сместена во средината на главниот екран но нејзината резолуција засега не е позната.

Што се однесува до внатрешниот екран, тој ќе биде 6,8-инчен панел со „ФХД“ резолуција и фреквенции од 120 херци. Уредот ќе го напојува батерија од 4.400 мегаампер-часови, со полнење од 44 вати. Сензорот за отпечатоци од прст ќе биде поставен странично, т.е. веројатно интегриран во копчето „Пауер".

Се очекува телефонот да биде претставен во Кина следниот месец, а потоа и во останатиот дел од светот.  си/

Фото: „Виво“.

Остани поврзан