• недела, 28 јули 2024

Подољак: Украина нема да го поддржи „ублажувањето на санкциите против Москва“

Подољак: Украина нема да го поддржи „ублажувањето на санкциите против Москва“

Киев, 5 септември 2023 (МИА) - Високиот украински функционер Михаило Подољак го отфрли предлогот на Турција дека Киев треба да го омекне својот став за да го оживее Црноморскиот договор за жито.

Советникот на украинскиот претседател изјави дека Украина нема да го поддржи „ублажувањето на санкциите против Москва ниту политиката на смирување“.

„На крајот на краиштата, да бидеме реални и да престанеме да зборуваме за непостоечки опции и да не ја охрабруваме Русија да врши нови злосторства“, изјави Подољак. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан