• вторник, 24 декември 2024

Подољак: Русија планира терористички напад, сака „сива зона без население“

Подољак: Русија планира терористички напад, сака „сива зона без население“

Киев, 22 јуни 2023 (МИА) – Еден од главните советници на украинскиот претседател, Михајло Подољак на Твитер објави дека Русија планира да ја нападне нуклеарната централа Запорожја за да создаде „сива зона без население“.

- Русија не може да го задржи Енерходар и затоа размислува за голем терористички напад врз Запорожје, за да ја запре украинската контраофанзива и да создаде санитарна сива зона без население, како дел од територијалниот статус кво без прекин на огнот, напиша Подољак на Твитер.

Тој исто така наведе и дека Москва може да се обиде да ја нападне браната во Криви Рих со Кинжал.

- Во моментов во тек е дополнително минирање на нуклеарната централа, вклучувајќи ги и базените за ладење. Дали Кремљ ќе одлучи да продолжи со ова сценарио зависи исклучиво од глобалната реакција. Мора да се дефинираат црвените линии. Тие мора да ги знаат последиците. Не утре. Денеска, посочи Подољак.

Претходно и Володимир Зеленски сугерираше дека Москва планира напад врз нуклеарна централа, на што Москва веднаш реагираше, истакнувајќи оти тоа е уште една лага. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан