• вторник, 17 декември 2024

„Подобрување на пристапот до лекови за сите” - конференција во организација на АмЧам

„Подобрување на пристапот до лекови за сите”  - конференција во организација на АмЧам
Скопје, 25 ноември 2022 (МИА) - „Подобрување на пристапот до лекови за сите” е насловена конференцијата што денеска ја организира Американската стопанска комора во Северна Македонија (АмЧам), на иницијатива на нејзиниот Комитет за здравствена заштита. -Целта на конференцијата е да се поттикне процесот на утврдување и донесување позитивна листа на лекови која ќе биде во линија со европските стандарди на здравствена заштита и да се иницираат конкретни, остварливи решенија заради надминување на итните прашања во областа на здравството, со што би се подобрил севкупниот здравствен систем во Република Северна Македонија, соопшти АмЧам. Организаторот најави дека ќе се обратат д-р Рифат Атун, професор по глобални здравствени системи, факултетски претседавач при Програмата за лидерство на министри на Харвард и директор на Лабораторијата за иновации во здравствените системи на Универзитетот Харвард; д-р Золтан Кало, професор по економија во здравство при Центарот за проценка на здравствени технологии на Универзитетот Семелвајс во Будимпешта и Институтот за истражувања Сиреон од Будимпешта; д-р Славејко Џамбазов, меѓународен експерт и консултант за здравствени политики и технологија, основач и директор на HTA Ltd., и д-р Тихомир Стризреп, доктор по медицина и поранешен директор на Националниот фонд за здравствено осигурување на Хрватска. Предвидено е да се одржат и четири панели во кои ќе учествуваат домашни и меѓународни експерти од различни области на здравствената заштита и менаџирање на здравствените системи. Тие ќе ги обработат темите: „Одржливо финансирање во здравството како предуслов за подобар пристап до лекови”, „Како да се отклучи процесот со позитивната листа на лекови?”, „Здравствена заштита заснована на вредност и потреба од реални податоци” и „Хармонизацијата со ЕУ во областите на лекови и јавните набавки”. хс/      

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан