• четврток, 20 март 2025

Поднесено обвинение за спречување новинарски екипи во вршењето на работата

Поднесено обвинение за спречување новинарски екипи во вршењето на работата

Скопје, 3 октомври 2023 (МИА) - Основното јавно обвинителство Кавадарци денеска поднесе Обвинителен предлог против 43-годишен жител на Росоман за кривично дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

-Обвинетиот, на 18 јули, на регионалниот пат Градско-Прилеп во близина на Росоман, спречил новинари и сниматели да вршат службени дејствија, односно да снимаат прилог за сообраќајна несреќа, соопшти денеска Јавно обвинителство.

Тој најпрвин со агресивен тон и навреди се обратил кон снимател на Телевизија 24 и кон новинар на МРТ, а потоа со ногата удрил во сталакот на една камера и ја оштетил. На овој начин новинарите биле спречени во нивната работа и го прекинале снимањето. дма/са/

Фото : МИА архива

Остани поврзан