• вторник, 24 декември 2024

Поднесена иницијатива до Врховен за аболициите на претседателот Иванов

Поднесена иницијатива до Врховен за аболициите на претседателот Иванов

Скопје, 10 октомври 2023 (МИА) – Адвокатот Миле Наумовски од Скопје поднел иницијатива до Врховниот суд на Република Северна Македонија во која бара утврдување на начелен став и начелно правно мислење за повеќе прашања во врска со кривичната постапка, помеѓу кои и за прашањето за дадените помилувања од страна на поранешниот претседател на Република Северна Македонија, Ѓорге Иванов. 

Во 2016 година Уставниот суд ги укина законските измени од 2009 година во кои се избриша член 11, што му даде можност на претседателот да дава аболиција и без спроведување на постапката за помилување. Веднаш по одлуката на Уставниот суд, Иванов донесе одлука за аболиција на повеќе од 50 лица, политичари и нивни блиски соработници осомничени од СЈО, што доведе до масовни протести. По реакциите во јавноста, во Собранието беа донесени измени на Законот за помилување, со што се отвори простор за повлекување на аболициите. Иванов, потоа соопшти дека донел одлука да ги поништи одлуките за аболиција на 22 лица, меѓу кои има и лица кои досега не со обратиле до неговиот Кабинет со такво барање.

Судот има рок од шест месеци да расправа по однос на Иницијативата. Позитивен начелен став на највисокиот суд би значел потврда на помилувањата што ги даде поранешниот претседател Ѓорге Иванов. ар/аа/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан