• сабота, 23 ноември 2024

Поддршка за претседателската кандидатура на Ванковска од професорот и директор на ТФФ, Јан Оберг

Поддршка за претседателската кандидатура на Ванковска од професорот и директор на ТФФ, Јан Оберг

Скопје, 13 април 2024 

Светски познатиот професор Јан Оберг е угледен мировен истражувач, медијатор и коментатор, директор на Транснационалната фондација за мировни истражувања (ТФФ), Лунд, Шведска.

Следи неговата поддршка за кандидатурата на единствената кандидатка за Претседател на Македонија која има цврсти ставови за мирот и воената неутралност на државата, проф. д-р Билјана Ванковска:

„Здраво, јас сум Јан Оберг, директор на Транснационалната Фондација за истражување на мирот во Лунд, Шведска. Навистина сум среќен што имам можност, со полно срце, да ја препорачам, мојата пријателка и колешка, професорката Билјана Ванковска како кандидатка за Претседател на Македонија.

Денес западниот свет мора да биде опишан како нездрава комбинација на милитаризирација и анти-интелектуализам!

Се чини дека е доволно да ја воочиме популистичката теза која ги тера луѓето да плаќаат се повеќе за милитаризација, додека се сè помалку безбедни.

Знам дека, додека Билјана работи низ глобална и регионална перспектива, нејзиното срце пред сè чука за нејзината земја! Таа ја обожава земјата, како и самиот јас, затоа што сум бил многу пати таму! Таа ќе може да работи за помирен регион, за помирна ситуација во Европа каде што ни се заканува нова војна!

На светот му требаат интелектуалци кои можат да се справат со комплексни проблеми и кои можат да ја следат идејата на Повелбата на ООН - дека мирот може да се постигне само на мирен начин. Единствено кога секој мирен пристап, како што се преговорите и медијацијата, ќе бидат истрошени, само тогаш светот и Обединетите Нации можат да преземат воени активности. Денес имаме обратна ситуација, најпрво се внесува оружје во конфликтни региони како што се Украина и Газа, за потоа да видиме како ќе се развива состојбата.

Билјана размислува за овие работи на поразличен начин и тоа е тоа што му треба на светот! Нам ни треба некој со промисленост, кој има искуство, кој има интелект и визија! Таа го има тоа, јас го знам тоа бидејќи ја познавам речиси триесет години и ја имам следено нејзината академска и политичка кариера. Затоа, можам со целото свое срце да ја подржам, да и се даде шанса да биде поинаков лидер. Лидер на мирот, лидер со здрав разум и за подобар свет. Всушност ваков лидер им треба на многу земји, не само на Македонија.

Претседателски кандидат Билјана Ванковска 

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан