Поддршка за Имамоглу од атинскиот градоначалник
- Пријател Екрем, со тебе сме, напиша на платформата Икс градоначалникот на Атина Харис Дукас, изразувајќи поддршка за градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу и коментираше дека со загриженост ги следат случувањата и апсењата, јави дописничката на МИА од Атина.

Атина, 19 март 2025 (МИА) - Пријател Екрем, со тебе сме, напиша на платформата Икс градоначалникот на Атина Харис Дукас, изразувајќи поддршка за градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу и коментираше дека со загриженост ги следат случувањата и апсењата, јави дописничката на МИА од Атина.
Дукас посочи дека „ова е последната епизода од серијата обвиненија што се покренати против Имамоглу, од кои последното беше откажувањето на неговата универзитетска диплома, што го исклучи од трката за претседател на Турција“.
- Апсењето на избран градоначалник и негова смена со именуван градоначалник е сериозен удар за демократијата, напиша Дукас. ср/сд/
Фото: Х/ Харис Дукас – градоначалник на Атина