• среда, 27 ноември 2024

Поглавјата 8 и 2 денеска на агендата на скрининг состаноците во Брисел

Поглавјата 8 и 2 денеска на агендата на скрининг состаноците во Брисел

Брисел, 13 октомври 2022 (МИА)На четвртиот ден од објаснувачкиот скрининг за  Кластер 2 - Внатрешен пазар денеска во Брисел продолжија презентациите на Европската комисија во однос на  Поглавје 8 - Политика на конкуренција и Поглавје 2 - Слободно движење на работници, соопшти Секретаријатот за европски прашања.

Конкурентната политика на Европската Унија има за цел создавање внатрешен пазар, каде што економските оператори слободно конкурираат меѓу себе. Законодавството во оваа област ги вклучува конкуренцијата, политиките на контрола на државната помош, појаснува СЕП.

Ова поглавје опфаќа правила и процедури за борба против антиконкурентното однесување од страна на комерцијалните компании, избегнување на монополи во пазарот, разгледувањето на спојувања меѓу компаниите и економските ентитети, како и да се спречуваат владите да ги фаворизираат компаниите од нивните земји штитејќи ја фер и лојалната конкуренцијата на внатрешниот пазар на Европската Унија.

-Северна Македонија ги почитува обврските од Поглавје 4 од Спогодбата за стабилизација и асоцијација преку усогласување и транспонирање во нашето законодавство на сите основни правила на Политиката за конкуренција на Европската Унија, наведува СЕП.

Во соопштението се додава дека Комисијата за заштита на конкуренцијата е независно тело, кое активно работи на имплементацијата на легислативата во оваа област и во многу случаи дејствува создавајќи импресивно портфолио на преземените активности.

Европската комисија го претставила новиот пакет на регулативи и директиви во однос на спојување компании, антимонополски како и на државната помош, кои Северна Македонија ќе треба да ги усвои и спроведе во текот на преговарачкиот процес со ЕУ.

Поглавјето 2 и законодавството (acquis) на ЕУ, „Слобода на движење на работниците“, како што потсетува СЕП, предвидува: „Граѓаните на ЕУ од една земја-членка имаат право да работат во друга земја-членка и ова претставува едно од клучните достигнувања и основни слободи гарантирани на внатрешниот пазар на Европската Унија. Правото на работа, студирање, живеење и пензионирање од една во друга земја членка нуди голем број социјални, културни и економски придобивки, додава СЕП.

-Северна Македонија континуирано го усогласува националното законодавство и ги подобрува институционалните капацитети за ова поглавје од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Европската Комисија претстави нови регулативи и директиви во врска со Европската управа за труд и координација на системите за социјално осигурување, се нагласува во соопштението. ац/

Остани поврзан