Повторно се огласија сирените за воздушен напад во Киев
- Во Киев повторно се слушаат сирени за воздушен напад, објави на Твитер Или Пономаренко од „Киев индипендант“

Киев, 10 октомври 2022 (МИА) - Во Киев повторно се слушаат сирени за воздушен напад, објави на Твитер Или Пономаренко од „Киев индипендант“.
Руските сили утрово во координиран ракетен напад погодија неколку украински региони, вклучително и градовите Киев, Лавов и Харков.
Според украинската полиција во нападите загинаа најмалку десет луѓе, а околу 60 се повредени. ми/