• понеделник, 23 декември 2024

Повторно насилни протести во Тирана,ангажрани беа 1.500 полицајци

Повторно насилни протести во Тирана,ангажрани беа 1.500 полицајци
  Тирана, 11 декември 2020 (МИА) - Вечерва во Тирана и во многу градови во Албанија повторно беа одржани протести за убиството на 25-годишниот Клодијан Раша од полциски специјалец. Протестите во Тирана,кои се одржуваат по трет ден, уште од самот почеток се карактерирраа со насилно однесувње на ученциите,со фрлање тврди предмети врз полицските службеници, објкетите на Министертвото за внатрешни работи и Владата,но и на други државни институции. Но,полицијата веднаш интервенираше со солзавец и водени топови,па насобраните се разотидоа многу побрзо од претходните денови,оставајќи пустош зад нив.Не оставија неоштетена ниту една постојка каде што минува, киокси, дел од новогодшното украсување... На терен беа распоредени 1.500 полициски службеници, двојно повеќе од вчера,побројни беа и цистерните со вода и блиндираните возила. По оставката на минитерсот за внатрешни работи, Сандер Лешај, сега протестантите бараат реформи во државната полиција и оставка од генералниот директор на полицијата Арди Велиу. Во останатите градови во земјата главно млади маршираа со запалени свеќи во раце.вт/

Остани поврзан