Повторно е активиран пожарот во Никуштак, екипите на терен
- Пожарот кој беше активен минатата недела во липковското село Никуштак повторно е активиран, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи.
Куманово, 17 септември 2025 (МИА) - Пожарот кој беше активен минатата недела во липковското село Никуштак повторно е активиран, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи.
- Повторно има пожар. Екипите на кумановската подружница на „Македонски шуми“ се на терен, потврди заменик-директорот на претпријатието, Кире Михаилов.
Минатата недела речиси постојано имаше пожар на оваа локација. Беше зафатена нискостеблеста, деградирана, но и дабова шума на тешко пристапен терен.
Во гасењето на пожарот покрај екипи на „Национални шуми“ беа вклучени и хеликоптер и авиони кои интервенираа од воздух. ам/дма/
Фото: Принтскрин, пожар во липковско