Повреден багерист во рудникот „Осломеј“
- Шеесет и шестгодишен багерист во рудникот „Осломеј“ се повредил додека извршувал работни задачи.

Кичево, 6 февруари 2021 (МИА) - Шеесет и шестгодишен багерист во рудникот „Осломеј“ се повредил додека извршувал работни задачи.
Повредениот Д.С. е пренесен во Општата болница во Кичево од каде по санирањето на повредите е пуштен на домашно лекување.
Незгодата е пријавена во ОВР Кичево рано утринава во 03:55 часот. Причините за незгодата допрва ќе се утврдуваат. за/бак/