• среда, 25 декември 2024

Повлечен путерот од кикирики Bio Chocolate Chip peanut butter, увезен од Словенија

Повлечен путерот од кикирики Bio Chocolate Chip peanut butter, увезен од Словенија

Скопје, 12 мај 2023 (МИА) - Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), постапувајќи по добиена нотификација преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на Европската унија (RASSF), поради недеклариран алерген - млечен протеин, од пазарот повлече и нештетно уништи небезбеден производ - путер од кикирики Bio Chocolate Chip peanut butter, увезен од Словенија.

Станува збор за производ со сериски број /лот: LO107, со рок на употреба 01.07.2023 година, од кој во ноември минатата година, со посочениот сериски број/лот, во земјава се увезени 30 прачиња.

-При контролата, утврдено е дека операторот Зегин ДОО, ги има запазено сите процедури за повлекување и отповикување на небезбедниот производ од производителот Nature‘s Finest, односно, преостанатите шест затекнати парчиња биле соодветно повлечени од пазарот и складирани на посебно место во магацин. Небезбедните производи во присуство на инспектор за храна се нештетно уништени, вели директорот на АХВ Николче Бабовски.

АХВ препорачува потрошувачите кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот сериски број/лот, да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле. мч/лв/

Остани поврзан