• сабота, 23 ноември 2024

Повлечени средства за дезинфекција на рацете на Дизни, содржат канцерогени материи

Повлечени средства за дезинфекција на рацете на Дизни, содржат канцерогени материи
Вашингтон, 4 април 2022 (МИА) - Американските власти открија канцерогени материи во две средства за дезинфекција на рацете на компанијата „Дизни“. Компанијата ги повлече овие производи од пазарот. Агенцијата за храна и лекови (ФДА), по тестирањето на средствата за дезинфекција на рацете од марките „Мандалоријан“ и „Мики Маус“, откри дека тие содржат бензен и метанол, пренесува Ен-Би-Си њуз. „Дизни“ овие производи ги набавувале преку Best Brands Consumer Products, кои го суспендираа својот бизнис минатиот април од комерцијални причини. Компанијата соопшти дека сè уште не добила извештаи за штетни несакани ефекти од средствата за дезинфекција, ниту за други серии свои производи за дезинфекција на раце кои содржат 68 проценти етил алкохол. паг/    

Остани поврзан