• среда, 27 ноември 2024

Повици за штрајк на нискобуџетните авиопревозници во Европа

Повици за штрајк на нискобуџетните авиопревозници во Европа
..., 21 јуни 2022 (МИА) - Неколку европски синдикати на кабинскиот персонал на авиокомпанијата Рајанер повикаа на штрајк следниот викенд во Франција, Шпанија, Белгија, Италија и Португалија, додека шпанскиот синдикат исто така повика на деветдневен штрајк во јули во ИзиЏет. Вработените во ирската нискобуџетна компанија треба да штрајкуваат во сабота и недела за да побараат „спроведување на законот за работни односи и исплата на дополнителни часови работа“, соопшти францускиот синдикат (СНПНЦ). „Компанијата дури и не го почитува времето за одмор како што е предвидено со законодавството за цивилно воздухопловство“, рече претставникот на персоналот на СНПНЦ, Демиен Моргус. На 12. и 13 јуни штрајкот веќе предизвика откажување на четвртина од летовите на Рајанер во Франција, што е околу четириесет летови. Во Шпанија, синдикатите УСО и СИТЦПЛА го повикаа персоналот на Рајанерr на штрајк од 24 јуни до 2 јули. Во Португалија, персоналот на Рајанер повика на штрајк на 24. и 26 јуни во знак на протест против влошените работни услови, како и во Белгија. Во Италија, штрајк во Рајанер е закажан за 24 часа во сабота на 25 јуни. Таму, пилотите и кабинскиот екипаж бараат плати „кои барем се во согласност со минималните плати предвидени со националниот договор за воздушен транспорт“ во нивната земја. Со обновувањето на воздушниот сообраќај по затворањето поради коронавирусот, многу компании мораат да откажуваат летови поради недостиг на персонал, а повеќе аеродроми се во хаос бидејќи не можат да го апсорбираат зголемениот број патници. паг/    

Остани поврзан