• петок, 05 декември 2025

Повик од ЈП Водовод и канализација - Скопје за рационално користење на водата

Повик од ЈП Водовод и канализација - Скопје за рационално користење на водата

Скопје, 14 август 2025 (МИА) - ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира до граѓаните на градот Скопје за сериозен пристап кон рационалното користење и употреба на водата. Високите температури, како што велат, придонесуваат за енормно зголемување на потрошувачката на водата и намалена издашност на изворот Рашче.

-Апелираме граѓаните да се воздржат од полнење базени, наводнување на поголеми зелени површини, полевање на ниви и бавчи со водата од градскиот водоснабдителен систем, со единствена цел нормално водоснабдување во секој дел од градот Скопје, велат од јавното градско претпријатие.

ЈП Водовод и канализација – Скопје ги повикува сите граѓани кои имаат информација за злоупотреба на водоводниот систем преку диви приклучоци и доколку забележат било какво истекување на вода истите да ги пријават на еден од следните контакти: - 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар; - kontakt@vodovod-skopje.com.mk - www.vodovod-skopje.com.mk .вј/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан