• вторник, 24 декември 2024

Повик за приказни за МКЦ во пресрет на неговиот 50-годишен јубилеј

Повик за приказни за МКЦ во пресрет на неговиот 50-годишен јубилеј
Скопје, 11 јануари 2021 (МИА) - Младинскиот културен центар објави повик до сите негови сегашни и минати соработници и до поединци што имаат лична или туѓа приказна поврзана со МКЦ да ја раскажат преку писмо насловено „Драг МКЦ“ и да ја пратат на адресата на оваа институција. Повикот е во рамки на активностите за јубилејниот роденден на МКЦ во 2022 година кога Центарот ќе наполни 50 години од основањето. Планирани се повеќе нестани, меѓу кои и издавање монографија во која ќе бидат објавени дел од раскажаните приказни. - Писмата може да се испраќаат во текот на цела 2021 година до поштенската адреса на МКЦ, по електронска пошта; да се достават лично до МКЦ или преку пораки на профилите на МКЦ на социјалните мрежи. Приказните може да се лични или туѓи, анонимни или потпишани, во кој било формат што испраќачот смета дека е соодветен за нивно прераскажување, соопшти Младинскиот културен центар. Адресите на МКЦ Скопје се: Кеј Димитар Влахов 15 или info@mkc.mk, како и на профилите на институцијата на Инстаграм, Фејсбук и Твитер. - „Драг МКЦ“ е активност која на интимен, вистински начин ќе ја раскаже приказната за МКЦ, за која очекуваме масовен одѕив од јавноста. Во половина век од своето основање, МКЦ  има оставено траен белег во развојот на културата во државата и печат и влијание кои не потекнуваат единствено од неговата работа, туку и од колективната меморија на сите оние што биле дел од негово делување. Токму овие спомени се единствените вредни да останат запаметени и запишани, токму онака како што публиката го доживувала МКЦ низ текот на годините, соопшти Младинскиот културен центар. хс/дма/

Остани поврзан