Повик за лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби во Центар
- Право на пријавување имаат лица со најмалку завршено средно образование. Предност имаат кандидати со соодветно високо образование, претходно искуство во работа со деца со попреченост или лиценца за личен асистент, како и долгорочно невработени лица, млади до 29 години, лица над 50 години, самохрани родители и родители на деца со попреченост, се појаснува во соопштението.
Скопје, 17 февруари 2026 (МИА) - Општина Центар објави јавен повик за ангажирање лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби во рамки на проектот „Образование за сите“ за учебната 2025/2026 година, соопшти попладнево од општинската прес-служба.
- Право на пријавување имаат лица со најмалку завршено средно образование. Предност имаат кандидати со соодветно високо образование, претходно искуство во работа со деца со попреченост или лиценца за личен асистент, како и долгорочно невработени лица, млади до 29 години, лица над 50 години, самохрани родители и родители на деца со попреченост, се појаснува во соопштението.
Според градоначалникот Горан Герасимовски, ангажманот на личниот асистент подразбира директна поддршка на ученикот во текот на наставниот ден.
- Поддршката вклучува помош при следење на наставата, движење низ училиштето, комуникација со соучениците и наставниците и други активности во согласност со индивидуалните потреби на ученикот, вели Герасимовски во пишана изјава.
Избраните кандидати ќе бидат ангажирани како лични асистенти во основните училишта на територија на општина Центар со скратено работно време од 20 часа неделно, во период од четири месеци, почнувајќи од март 2026 година до крајот на актуелната учебна година.
За ангажманот предвиден е паричен надомест во нето износ од 15.000 денари месечно.
- Пријавувањето се врши во Архивата, барака 6, секој работен ден од 9 до 15 часот. Јавниот повик трае пет работни дена од денот на неговото објавување и е достапен на општинската веб-страницата и на огласните табли во основните училишта на територија на општината, информира општина Центар. бд/лв/
Фото: Општина Центар