• вторник, 24 декември 2024

Повик до академските уметници од Куманово за учество на изложбата „Кумановски ликовни уметници 2022“

Повик до академските уметници од Куманово за учество на изложбата „Кумановски ликовни уметници 2022“
Куманово, 3 октомври 2022 (МИА) - Националната установа Музеј Куманово денеска објави повик за учество на академските уметници од Куманово на традиционалната изложба „Кумановски ликовни уметници 2022“, која ќе се одржи и годинава во рамки на ноемвриските денови во градот. Крајниот рок за пријавување за учество е 15 октомври годинава.
-Ова е традиционална ликовна манифестација која се реализира во континуитет повеќе децении и единствена од таков вид во градот на која се презентираат кумановските академски ликовни уметници. И годинава очекуваме добар одѕив кај уметниците од Куманово. Низ годините учествувале голем број уметници од различна генерација кои придонеле за развој на уметноста на овој простор, изјави Драгана Спасковска виш кустос од НУ Музеј Куманово. Секој учесник на изложбата потребно е да пријави едно ликовно дело, по можност неизложувано, од неговата најнова продукција. Со делото треба да бидат приложени податоци од авторот (биографија), насловот и димензиите. Изложбата ќе се реализира на 10 ноември годинава, при што ќе биде испечатен и каталог. Во текот на месец декември делата ќе бидат вратени на авторите. Изложбата „Кумановски ликовни уметници“, традиционално се реализира од 1956-тата година до денес, во чест на Денот на ослободувањето на градот. ам/дма/

Остани поврзан