• понеделник, 16 декември 2024

Повеќе часа поголем дел од Дебар без вода

Повеќе часа поголем дел од Дебар без вода

Дебар, 6 јули 2024 (МИА) - Од технички причини повеќе часа без вода е поголемиот дел од градот Дебар.

- Без вода се жителите на населбите "Венец еден", "Венец два",  "Ќернаница", дел од центарот на градот и периметарот на деветолетката "Пенестија", стои во соопштението на Јавното комунално претпријатие "Стандард", кое стопанисува со водоводот Росоки-Дебар.

Додавате дека нивни екипи се на терен и се справуваат со проблемот.

-Големиот дефект настана како резултат на неовластени приватни интервенции кои предизвикале оштетување на линијата f90, посочуваат од "Стандард".

Апелираат до сите кои изведуваат работи на терен и извршуваат ископи да бидат внимателни, бидејќи тие се одговорни за оштетување на водоводната мрежа.

Предупредуваат дека кон секого ќе бидат преземени казнени мерки според законските прописи. вт/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан