• понеделник, 16 декември 2024

Повеќе од 800 километри сообраќаен метеж во Франција

Повеќе од 800 километри сообраќаен метеж во Франција
Париз, 30 јули 2022 (МИА) - Зголемениот сообраќај поради годишните одмори денеска во Франција доведе до голем метеж, особено на патиштата кои водат кон Медитеранот и Атлантскиот Океан, каде се формираа редици во должина од околу 800 километри. Околу пладне низ целата држава во редици стоеја автомобили во вкупна должина од 800 километри, соопштија локалните власти. На автопатот 7, кој минува низ долината на Рона, на возачите им требаа повеќе од пет часа да патуваат од Лион до Оринџ. Во спротивно, ќе им требаше час и половина, соопштија од компанијата Винчи која стопанисува со тие патишта. Викендот на преминот од јули во август е традиционално период со голем метеж на главните патишта во Франција. Причина за тоа е заминувањето на многумина на југ и враќањето на луѓето од одмор. Годинава, пак, метежот е помал од лани кога во истиот период возачите чекаа во редици долги илјадници километри. паг/  

Остани поврзан