• сабота, 23 ноември 2024

Повеќе од 60 членови на поранешната полска влада обвинети за финансиска злоупотреба

Повеќе од 60 членови на поранешната полска влада обвинети за финансиска злоупотреба

Варшава, 9 август 2024 (МИА) - Полска обвини повеќе од 60 функционери на поранешната влада за прекршување на законот и правдата (ПиС) за кривични дела поврзани со злоупотреба на средства, додека повеќе од 100 други се под истрага, изјави денеска премиерот Доналд Туск.

-По шест месеци имаме обвинети 62 лица од претходната владејачка елита. Ова никогаш не се случило во историјата пред нашите претходници, им рече Туск на новинарите.

Премиерот не прецизираше кои се функционерите и со какви обвиненија се соочуваат.

Тој истакна дека владата води понатамошни постапки и дека 200 даночни инспектори истражуваат 90 единици во 17 министерства, додека обемот на потенцијалните неправилности е проценет од даночната администрација до 100 милијарди злоти (25,23 милијарди долари).

Премиерот посочи дека неправилностите се дел од „затворениот систем“ создаден од ПиС и се базираат на претпоставката дека поранешната владејачка партија не може да ја загуби власта.

Поранешниот премиер на ПиС, Матеуш Моравјецки, денеска на „Х“ реагира дека главната цел на владата на Туск е „да ја ликвидира најголемата опозициска партија“.

-Кога сте опседнати, одите на лекар, не формирате влада, додаде Моравјецки.

Официјални лица претходно рекоа дека седум лица биле обвинети во истрага за наводна злоупотреба на средства со кои управувал Министерството за правда и дека Врховната ревизорска канцеларија (НИА) ги информирала обвинителите дека Моравјецки можеби дејствувал против јавниот интерес кога давал субвенции за општините.

За време на своето осумгодишно владеење, ПиС се соочи со обвинувања од опозициските партии, групите за човекови права и Европската унија за непочитување на демократските норми, зголемување на државната контрола врз судството и кршење на медиумските слободи. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан