Повеќе од 35 лица се повредени во судир на две воени возила во Австралија
- Повеќе од 35 лица се повредени во сообраќајна несреќа во која учествувале две возила на австралиските вооружени сили (АДФ) во близина на Лизмор, во северниот дел на Нов Јужен Велс.

Канбера, 8 март 2025 (МИА) - Повеќе од 35 лица се повредени во сообраќајна несреќа во која учествувале две возила на австралиските вооружени сили (АДФ) во близина на Лизмор, во северниот дел на Нов Јужен Велс.
На местото на несреќата се распоредени 19 возила на брза помош, пренесува Гардијан.
Повредените се пренесени во болниците во Лизмор и Твид, а според информациите на полицијата на Нов Јужен Велс, до несреќата дошло кога две воени возила се судриле на околу девет километри југозападно од Лизмор. паг/
Фото: ЕПА