Повеќе од 30 лица го загубија животот во поплави во Бразил, 60 лица се водат како исчезнати
- Повеќе од 30 лица го загубија животот во поплавите во јужен Бразил, 60 лица се водат како исчезнати, а околу 15.000 жители се евакуирани.

Бразилија, 3 мај 2024 (МИА) - Повеќе од 30 лица го загубија животот во поплавите во јужен Бразил, 60 лица се водат како исчезнати, а околу 15.000 жители се евакуирани.
Брана на хидроелектрана во бразилската држава Рио Гранде до Сул се урна поради поплавите предизвикани од неколкудневните обилни дождови, а најмалку 500.000 луѓе останаа без струја и чиста вода, јавува Би-Би-Си.
Во акцијата за пребарување и спасување беа вклучени и хеликоптери, а во некои населби жителите се качија на покривите на нивните поплавени домови. рп/
Фото: МИА архива