• понеделник, 23 декември 2024

Повеќе од 20.000 палестински деца исчезнаа во Појасот Газа, објави хуманитарната организација „Спасете ги децата“

Повеќе од 20.000 палестински деца исчезнаа во Појасот Газа, објави хуманитарната организација „Спасете ги децата“

Лондон, 24 јуни 2024 (МИА) - Повеќе од 20.000 палестински деца исчезнаа во Појасот Газа за време на израелските напади врз енклавата, а многумина останаа заробени под урнатините, погребани во необележани гробници или изгубени од нивните семејства, објави денеска хуманитарната организација „Спасете ги децата“ („Save the Children“).

Хуманитарната организација со седиште во Лондон наведе дека е речиси невозможно да се соберат и да се проверат информациите под сегашните услови во Газа, каде што Израел продолжува со копнените и воздушните напади, но верува дека најмалку 17.000 биле разделени и се деца без придружба, а најверојатно 4.000 исчезнале под урнатините, додека нивниот број во масовните гробници не е познат.

„Спасете ги децата“ соопштија дека „другите се насилно исчезнати, вклучително и непознат број приведени и насилно пренесени од Газа, а нивното место на живеење е непознато за нивните семејства со извештаи за малтретирање и тортура“.

Повеќе од 37.500 Палестинци се убиени во Појасот Газа од 7 октомври минатата година, повеќето жени и деца, а околу 86.000 се ранети, според локалните здравствени власти. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан