• понеделник, 16 декември 2024

Повеќе од 100 убиени при воздушен напад врз пазар во суданската провинција Северен Дарфур

Повеќе од 100 убиени при воздушен напад врз пазар во суданската провинција Северен Дарфур

Картум, 10 декември 2024 (МИА) - Над 100 лица загинаа, а неколку стотини се повредени во воздушен напад кој вчера го изврши армијата врз пазар во град во провинцијата Северен Дарфур, во западниот дел на Судан, соопшти продемократската организација „Адвокати за итни случаи“.

„Нападот беше извршен на денот на неделниот пазар, кога жителите на околните села дојдоа да купуваат, што резултираше со смрт на над 100 лица и повреда на стотици, меѓу кои жени и деца“, соопшти организацијата која документира злосторства поврзани со војната во Судан. Војната започна пред 20 месеци, меѓу редовната армија и паравоените Сили за брза поддршка (СБП). ссм/

фото: архива

Остани поврзан