• сабота, 23 ноември 2024

Повеќе од 10 проценти од Јапонците се постари од 80 години

Повеќе од 10 проценти од Јапонците се постари од 80 години

Токио, 18 септември 2023 (МИА) - Повеќе од десет проценти од Јапонците се постари од 80 години, статистика до која се дојде за првпат, покажуваат податоците што ги објави Владата на Јапонија, земја која се бори против стареењето на населението.

Владата ги објави овие податоци пред празникот посветен на „старите лица“ (оние над 65 години).

Меѓу другите објавени податоци, 29,1 отсто од Јапонците имаат 65 години, што е зголемување во однос на минатата година (29 отсто).

-Јапонија има најголем процент на стари лица во светот, соопшти надлежното Министерство, посочувајќи дека другите две земји со висок процент на стари лица се Италија (25,5 отсто) и Финска (23,6 отсто).

Јапонското население се намалува и старее со децении, бидејќи младите го одложуваат бракот и раѓањето деца во голем дел поради несигурни работни места и економски тешкотии. Од 124 милиони жители, Јапонија има 12,59 милиони луѓе на возраст над 80 години (10,1 отсто) и 20 милиони на возраст над 75 години (16,1 отсто). мс/

Остани поврзан