• сабота, 23 ноември 2024

Повеќе од половина од тестираните за Ковид-19 во Бергамо имаат антитела

Повеќе од половина од тестираните за Ковид-19 во Бергамо имаат антитела
Бергамо, 9 јуни 2020 (МИА) - Повеќе од половина од жителите на северниот италијански град Бергамо развиле антитела против Ковид-19, соопштија здравствените власти, повикувајќи се на податоци од една студија. Од 9.965 локални жители кои преку крв биле тестирани меѓу 23 април и 3 јуни, 57 проценти имаат антитела, што значи дека биле во контакт со коронавирусот. Градските здравствени власти соопштија дека студијата е „доволно широка“ за да биде сигурен показател за тоа колку луѓе биле заразени во Бергамо, кој стана епицентар на заразата во Италија. Во извештајот објавен на почетокот на мај, националниот институт за статистика ИСТАТ истакнува дека бројот на смртни случаи во Бергамо во март бил 568 проценти поголем од просекот во периодот од 2015 до 2019 година. Ова го прави овој италијански град место со најмногу жртви од болеста. Во провинцијата Бергамо досега се регистрирани 13.609 случаи на коронавирус. ИСТАТ и Министерството за здравство почнаа национална кампања за тестирање преку крв на репрезентативен примерок од околу 150.000 луѓе за да се добие појасна слика за обемот на епидемијата во Италија. Во Италија досега се регистрирани речиси 34.000 смртни случаи и 235.000 потврдени заразени. Во регионот Ломбардија, во кој спаѓа и Бергамо, има 16.000 смртни случаи. јт/  

Остани поврзан