• сабота, 23 ноември 2024

Повеќето Германци за четиридневна работна недела

Повеќето Германци за четиридневна работна недела
Берлин, 22 февруари 2022 (МИА) - Повеќето Германци преферира четиридневна работна недела, а бројот на работни часови да остане ист, покажаа резултатите од истражувањето на Институтот Форса и РТЛ. Станува збор за модел, кој неодамна е усвоен во Белгија. Вработените имаат избор, може да работат или четири или пет дена во неделата, но, бројот на неделни работни часови останува непроменет. На пример, недела со 40 работни часови, може да се изработи во четири дена од по 10 часа, наместо за пет дена, со осумчасовно работно време. Белгија го воведе овој модел, затоа што на работниците им се овозможува поголеми флексибилност, слобода, како и ускладување на деловниот и приватниот живот. Според истражувањето во Германија, 71 отсто од Германците посакуваат ваков модел и во нивната земја. На тоа пак, се противат 22 отсто од испитаниците. „Белгискиот модел“, најголема поддршка, 81 отсто, доби од возрасната група од 30 до 44 години, како и меѓу високообразовните лица со 75 отсто. бд/зш/

Остани поврзан