• сабота, 23 ноември 2024

Победничката на УС Опен 2021 загуби во второто коло на турнирот во Индијан Велс

Победничката на УС Опен 2021 загуби во второто коло на турнирот во Индијан Велс
Индијан Велс, 9 октомври 2021 (МИА) - Британската тенисерка Ема Радукану, ноќеска  во второто коло на турнирот во Индијан Велс загуби од 100. светски рекет, Белорусинката Александра Саснович со резултат 0-2, по сетови 2:6 и 4:6. Мечот траеше 1 час и 26 минути. Победничката на УС Опен 2021 направи два аса четири двојни грешки, а исто така претвори две од пет брејк топки. -Разбрав дека треба да излезам и да ја покажам мојата игра, да играм 100%. Знаев дека Ема го освои УС Опен, а јас таму загубив во првото коло. Мала разлика, нели? Па јас само се обидов, истакна Саснович. Таа во третото коло ќе се сретне со Романката Симона Халеп. зс/

Остани поврзан