• понеделник, 03 март 2025

ПМФЛ: Сигурни победи на Шкендија и Силекс

ПМФЛ: Сигурни победи на Шкендија и Силекс

 

Скопје, 2 март 2025 (МИА) – Четири од петте денешни натпревари во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) завршија попладнево со победи на домашните екипи, а единствено Работнички освои бод на гостувањето против Гостивар.

Лидерот Шкендија триумфираше над Тиквеш со 1-0, Силекс со 3-1 беше поуспешен од актуелниот шампион Струга, а со идентичен резултат Шкупи го совлада Пелистер, а Воска славеше против Брера Струмица.

ПМФЛ: 21 коло

Гостивар – Работнички 0-0

Шкендија – Тиквеш 1-0

Шкупи – Пелистер 3-1

Силекс – Струга 3-1

Воска – Брера Струмица 3-1

Вардар - Беса 0-0 (сабота)

Табела: Шкендија 46, Силекс 41, Работнички 41, Гостивар 40, Струга 32, Шкупи 31, Пелистер 23, Брера Струмица 20, Воска 18, Вардар 17, Тиквеш 15, Беса 15. ег

ФОТО; ФФМ

Остани поврзан