ПМФЛ: Домашните екипи без ниту една победа
- Три победи на гостинските екипи и само еден нерешен резултат е епилогот по денешните четири натпревари од 2.коло во Првата македонска фудбалска лига.

Скопје, 14 август 2022 (МИА) – Три победи на гостинските екипи и само еден нерешен резултат е епилогот по денешните четири натпревари од 2.коло во Првата македонска фудбалска лига.
Академија Пандев му нанесе тежок пораз на Работнички, Струга и Тиквеш со само еден постигнат гол запишаа по три бода на своето салдо.
Резултати на неделните средби од ПМФЛ:
Брегалница – Струга 0:1
Победа – Тиквеш 0:1
Работнички – Академија Пандев 0:5
Шкендија – Силекс 1:1.
Вчера, Шкупи – Македонија ЃП 2:1
Слободна беше екипата на Скопје.
Струга е лидер на табелата со максимални шест бода. зс/